Достапни линкови

Пелагонија четири години без водостопанско претпријатие


Широк Сокак Битола
Широк Сокак Битола
Водостопанското претпријатие од Битола кое се грижеше за одводнување на Пелагонија пропадна пред четири години, а до денес не е оформено ново. Штети од ваквата статус кво ситуација трпи земјоделието и некогашните вработени. Поголемиот дел од нив се лица кои по 25 години работен стаж останаа без работа. Тие бараат од Владата да ја забрза постапката за формирање на ново претпријатие со
Што се случува со Водостопанство понатаму? Некаде во лавиринтот се чека некој потпис за да се формира ново Водостопанство. Но, се е раскрчмено, се е распродадено.
надеж дел од нив ќе бидат работно ангажирани до добивањето пензија. Ликвидаторот Ицко Димовски го обвинуваат дека поединечно им ветувал вработувања на стечјаците.

„Што се случува со Водостопанство понатаму? Некаде во лавиринтот се чека некој потпис за да се формира ново Водостопанство. Но, се е раскрчмено, се е распродадено. Секој еден што се интересирал можел да оди сам по сам кај Ицко и тој ќе му кажел што требало“

вели Ружица Нумановиќ, една од поранешните вработени во “Водостопанство”.

Нејзиниот колега Љупчо Јошевски, објаснува дека според Законот за работни односи работниците испуштени како технолошки вишок при формирањето на нова фирма имаат предност при вработувањето.

„Да поводат сметка што се случува во Водостопанство и како ќе се формира новото водостопанско претпијатие зашто Водостопанство “Пелагонија”-Битола е најголемото водостопанско претпијатие во државата“

вели Јошевски.

Ликвидаторот Димовски ги отфрла обвинувањата од стечајците. Вели дека 90 проценти од имотот е распродаден, а иако случајот е стар
Никој нема посебни права да биде вработен или не. Вработувањата ќе се вршат со огласи, кој ќе исполнува услови тој ќе се вработи
четири години, тој за година и пол завршил голем дел од ликвидационата постапка.

„На никој не сум ветил дека ќе биде вработен зашто јас кажувам дека согласно правна регулатива старото и новото претпријатие немаат врска. Никој нема посебни права да биде вработен или не. Вработувањата ќе се вршат со огласи, кој ќе исполнува услови тој ќе се вработи“

вели Димовски.

Со стечајот на битолско “Водостопанство” без работа останаа над 100 битолчани. Тие денес се само дел од морето невработени стечајци испуштени од работа при последниот бран на пропаѓање на фирми со државен капитал. Такви се ГП”Бетон”, “Жито Битола”, Пиварницата и други.

Во незавидна положба се и земјоделските посеви кои годинава пливаат во вода од топењето на снегот и обилните врнежи дожд. Одводните канали чие одржување беше во надлежност на Водостопанство не се исчистени. Полни со вегетација и земја немаат капацитет да ги одводнат нивите.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG