Достапни линкови

Компромис во ,,Нико Нестор" во Струга


Учениците Македонци од Средното општинско училиште „Нико Нестор“ во Струга до 10 март ќе ја следат наставата во мешани смени како досега, а од 11 март се до крајот на оваа учебна година ќе одат на училиште во одделни јазични смени. Така било одлучено на синоќешната средба меѓу родителите и наставниците од двете етнички заедници со претставници на општинската и на централната власт. Се работи за компромисно решение за кое ќе треба да се почека да се види како ќе функционира.
XS
SM
MD
LG