Достапни линкови

Повик за смирување на ситуацијата во Гвинеја Бисао


Армијата на Гвинеја Бисао повика на смирување на тензиите по денешното убиство на претседателот Жоао Бернардо Виера. Тој бил убиен од изолирана група одметнати војници во престрелка во преседателската палата, соопшти војската. До ова доаѓа откако во вчерашната експлозија во главниот град Бисао бил убиен шефот на генералштабот Батиста Тагме На Ваи. Оваа западно африканска земја во последно време станува клучна транзитна рута за криумчарење дрога од Јужна Америка за Европа.
XS
SM
MD
LG