Економистите имаат поделени мислења околу владиниот план за инвестирање на 8 милијарди евра во инфраструктурата. Дел од нив сметаат дека се покажало дека приватниот сектор не може да постигне раст каков што и е потребен на Македонија па Владата е принудена да игра поактивна улога. Другите, пак, сметаат дека се работи за обичен политички маркетинг.
Премиерот Никола Груевски, на вчерашната групна пресконференција на која присуствуваа петнаесетина министри, најави декавладата планира да инвестира 8 милијарди во стратегиски инфраструктурни проекти. Инвестициската програма на Владата за периодот од 2009 до 2016 година опфаќа 8 области: енергетика, транспорт, водовод и канализација, животна средина, социјални станови, спортски објекти, култура и образование.
Професор Мирољуб Шукаров вели дека подржува ваква политика, која би се базирала на заеми и концесионирање. Шукаров, сепак, посочува дека владата треба да биде внимателна со трошењето на државните резерви.
„Мислам дека една ваква агресивна политика може да придонесе за заживување на економијата. Треба да се води сметка девизниот ефект да биде што попозитивен. Ние моментно имаме проблеми со девизната позиција, Македонија има одлив од девизните резерви, и тоа значителен.“
Од друга страна професор Петрит Положани смета дека осум милијарди евра се многу пари и во владините најави гледа самополитички маркетинг.
„Голем износ, голем терет за Македонија. Мислам дека тоа е повеќе политички маркетинг отколку реалност. Економската теорија вели дека кога се задолжуваш треба да мериш дали е изводливо, профитабилно или загуба.“
И самиот Груевски признава дека се работи за амбициозна програма и дека би бил задоволен доколку се реализираат две третини од најавеното.
Граѓаните имаат различни мислења околу амбициозниот владин план. Дел од нив не веруваат во изводливоста на планот и во најавата за огромни инвестиции гледаат предизборен маркетинг. Другите, пак не се сомневаат во добрите намери на владата.
„Верувам дека е можно.“
„Верувам на владата, зашто направи нешто, гради згради, се за народ, мислам дека оваа влада е за народ.“
„Не може да ги најдат тие пари, само лажат.“
Сеќавањата на тајванската милијарда на Циле се се уште свежи. Дел од аналитичарите сметаат дека токму ветувањата за инвестиции од милијарда долари им ја донесе изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Демократската алтернатива на Васил Тупуркоски во 1998 година.
Премиерот Никола Груевски, на вчерашната групна пресконференција на која присуствуваа петнаесетина министри, најави дека
Мислам дека една ваква агресивна политика може да придонесе за заживување на економијата
Професор Мирољуб Шукаров вели дека подржува ваква политика, која би се базирала на заеми и концесионирање. Шукаров, сепак, посочува дека владата треба да биде внимателна со трошењето на државните резерви.
„Мислам дека една ваква агресивна политика може да придонесе за заживување на економијата. Треба да се води сметка девизниот ефект да биде што попозитивен. Ние моментно имаме проблеми со девизната позиција, Македонија има одлив од девизните резерви, и тоа значителен.“
Од друга страна професор Петрит Положани смета дека осум милијарди евра се многу пари и во владините најави гледа само
Голем износ, голем терет за Македонија. Мислам дека тоа е повеќе политички маркетинг отколку реалност