Достапни линкови

Убиен претседателот на Гвинеа Бисао


Претседателот на Гвинеа Бисао Жоао Бернардо Виеира бил убиен, јавуваат агенциите, прецизирајќи дека денеска во претседателската палата имало престрелки. До ова доаѓа откако во вчерашната експлозија во главниот град Бисао бил убиен шефот на генералштабот Батиста Тагме На Ваи, а петмина други биле ранети. Оваа западноафриканска држава често е потресувана со воени удари и политички немири откако стана независна од Португалија пред дваесет и пет години.


XS
SM
MD
LG