Достапни линкови

Пакистанските киднапери со нов рок


Пакистански киднапери се заканија дека ќе го убијат претставникот на Обединетите нации Џон Солецки доколку за четири дена не бидат задоволени нивните барања. Фронтот за ослободување на Балучистан, меѓу другото, бара и ослободување на илјада луѓе кои сега биле во затвор. Американецот Солецки кој е шеф на канцеларијата за бегалци во Балучистан бил киднапиран пред еден месец.
XS
SM
MD
LG