Применувањето на мека реторика, наспроти изразувањето на цврсти националистички ставови, за дел од претседателките кандидати се покажа како успешен модел за освојување на симпатиите кај дел од гласачкото тело, оценува стручната јавност.
Политичкиот аналитичар Илија Талев посочува дека зголемената поддршка од македонското гласачко тело кај некои од албанските кандидати, се резултат на
незадоволството од актуелната политика и партиските поделби во државата.
„Можеби е резултат на непознавањето доволно на кандидатите, резултат на незадоволството на македонското гласачко тело со политиката на актуелната власт, со политиката на опозицијата, поделби во државата и се гледа на нешто ново.“
Не верувам во нови херои на политичката сцена во земјава, моделот на обамаманија не е применлив кај нас, вели аналитичарот Ризван Сулејмани. Тоа што некои од кандидатите на едната етничка заедница успеваат да шармираат дел од гласачкотото тело од другата етничка заедница, е резултат на незадоволството од ефикасноста на владата, посочува Сулејмани.
„Не гледам дека има елементи на ново херои. Повеќе ова го квалификувам како незадоволство од ефикасноста на владата, депресија, безидејност или пак тоа да биде во ситуација на огромна политизација, обично само кога има големи ломови во општеството се политизира масата и таа е толпа и го издига лидерот во спасител.“
Но како токму тие кандидати кои уживаат позитивно мислење кај дел од гласачите успеваат да ги придобијат? Експертите велат дека за тоа се пресудни личните карактеристики на кандидатот, а не визијата. Сепак посочуваат дека изборите ќе покажат дали симпатиите кај дел од гласачите се доволни за освојување на доволен број гласови.
„Тоа е повеќе шарм и ситуација на депресија, незадоволство, но таа ситуација треба да биде пропратена или поддржана со идеологија.“
„Заземање на поцентристички ставови, за да може целокупното гласачко тело да го прибере кон центарот и на тој начин да се прошири. Ќе видиме за време на кампањата за што ќе се одлучат.“
Последните анкети на Центарот за истражување и креирање политики покажаа дека рејтингот на еден од албанските претседателски кандидати убедливо расте. Испитувањата покажале дека на прашањето за кој кандидат би гласале на претстојните изборимногу од македонските граѓани се изјасниле дека ќе гласат за еден од албанските претседателски кандидати.
Како резултат на незадоволството на македонското гласачко тело со политиката на актуелната власт, со политиката на опозицијата, поделби во државата се гледа на нешто ново
Политичкиот аналитичар Илија Талев посочува дека зголемената поддршка од македонското гласачко тело кај некои од албанските кандидати, се резултат на
незадоволството од актуелната политика и партиските поделби во државата.
„Можеби е резултат на непознавањето доволно на кандидатите, резултат на незадоволството на македонското гласачко тело со политиката на актуелната власт, со политиката на опозицијата, поделби во државата и се гледа на нешто ново.“
Не верувам во нови херои на политичката сцена во земјава, моделот на обамаманија не е применлив кај нас, вели аналитичарот Ризван Сулејмани. Тоа што некои од кандидатите на едната етничка заедница успеваат да шармираат дел од гласачкотото тело од другата етничка заедница, е резултат на незадоволството од ефикасноста на владата, посочува Сулејмани.
„Не гледам дека има елементи на ново херои. Повеќе ова го квалификувам како незадоволство од ефикасноста на владата, депресија, безидејност или пак тоа да биде во ситуација на огромна политизација, обично само кога има големи ломови во општеството се политизира масата и таа е толпа и го издига лидерот во спасител.“
Но како токму тие кандидати кои уживаат позитивно мислење кај дел од гласачите успеваат да ги придобијат? Експертите велат дека за тоа се пресудни личните карактеристики на кандидатот, а не визијата. Сепак посочуваат дека изборите ќе покажат дали симпатиите кај дел од гласачите се доволни за освојување на доволен број гласови.
Не гледам дека има елементи на ново херои. Повеќе ова го квалификувам како незадоволство од ефикасноста на владата, депресија, безидејност