Достапни линкови

Во Египет донаторска конференција за Газа


Појасот Газа
Појасот Газа

Палестинските официјални претставници веруваат дека донацијата ќе ги покрие штетите предизвикани од конфликтот, што според нивни проценки чинат три милијарди долари. На донаторската конференција во Газа присуствуваат претставници од 75 земји, а Хилари Клинтон е придружувана од Џорџ Мичел, специјалниот претставник за Блискиот Исток на американскиот претседател Барак Обама. Палестиците ги претставува палестинскиот претседател Махмуд Абас кој се очекува да има средби со Клинтон подоцна за време на нејзината посетата на Западниот Брег. Според официјални американски претставници турнејата е посветена на правење проценки на изгледите за мир и зацврснување на примирјето мегу Израел и Хамас во Газа. Но посетата доага во неповолен момент. Имено, поранешниот израелски премиер и мандатар Бенајмин Нетанјаху најаверојатно ќе формира влада со партиите од десницата кои се спротивставуваат на постигнувањето мир со палестинските и израелско - арапските претствниции.

Хилари Клинтон


Од Блискиот Исток американскиот државен секретар Клинтон ке отпатува во Брисел на средби со официјлни претствници на НАТО и на Европската Унија, а следната нејзина дестинација е Женева каде се состанува со рускиот министер за одбрана Сергеј Лавров на разговори за армиската контрола и за Авганистан. Дел од темите ке биде и контроверзниот американски план за распоредување ракетно одбранбен систем во Централна Европа. Администрацијата на Обама сугерираше оти планот може да биде оддложен на одредено време, а таквата можност Лавров ја спомна минатата недела на прес конференциајта во Москва.

Она што не загрижува се плановите за развивање одбранбен ракетен систем во Полска како и тоа дали тие планови ќе влијаат врз нашата сигурност. Во врска со ова ние одржуваме консултации со американските, полските и чешките колеги.

Клинтон ке ја заврши својата турнеја во Анкара со разговори со турските лидери. Според американски официјални претставници Туција со своите блиски релации со Израел и со Арапските држави може да помогне во обидите на администрацијата на американскиот претседател Обама за постигнување мир на Блискиот исток.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG