Достапни линкови

Меѓународна донаторска конференција за обнова на Појасот Газа


Во египетското летувалиште Шарм ел Шеик денеска ќе биде одржана меѓународна донаторска конференција за обнова на појасот Газа, опустошен од тринеделното израелско бомбардирање. На собирот е најавено учество на претставници од 70 држави, како и од меѓународни организации, од кои ќе бидат побарани околу 2 милијарди и 800 милиони долари. Палестински официјални лица изразија очекување дека конференцијата треба да изврши и политички притисок врз Израел да ги отвори границите кон оваа палестинска територија. Најавено е учеството на претседателите на Египет и на Франција, како и на 45 министри за надворешни работи, меѓу кои и американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG