Достапни линкови

Донаторска конференција за појасот Газа


Во египетското летувалиште Шарм Ел Шеик денеска ќе биде одржана меѓународна донаторска конференција за обнова на појасот Газа, опустошен од израелското бомбардирање. На собирот е најавено учество на 70 држави и меѓународни организации од кои ќе бидат побарани околу 2,8 милијарди долари. Палестински официјални лица изразија очекувања дека конференцијата треба да изврши политички притисок врз Израел да ги отвори границите кон оваа палестинска територија. Најавено е и учеството на премиерите на Израел и Франција, како и на Министрите за надворешни на 45 земји, меѓу кои и американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG