Достапни линкови

logo-print
Почна официјалниот дел од предизборната кампања за локалните и претседателски избори. Во трката за претседел влегуваат седуммина кандидати, Ѓорге Иванов кандидиран од ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски кандидиран од СДСМ и од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Имер Селмани од Нова демократија, Агрон Буџаку од ДУИ, Мируше Хоџа од ДПА и независниот Љубе Бошкоски кој не ја доби подршката од матичната ВМРО-ДПМНЕ.

Конвенција на ВМРО ДПМНЕ
Според досегашниот тек на неформалната кампања што почна веднаш по распишувањето на изборите се добива впечаток дека локалните се во сенка на претседателските избори. Во наредниве дваесет дена кандидатите за претседател и за градоначалници ќе се среќаваат со граѓаните, ќе ветуваат решавање на основните национални и локални проблеми преку скапите телевизиски спотови и ќе се насмевнуваат од билбордите. За кампањата партиите ќе може да потрошат до 10 милиони евра односно по 5 за локалните и за претседателските
Ние сме апсолутно подготвени до максимум, јас ќе речам и креативно да ја толкуваме примената на сето она што ни е дозволено
избори, што е за три пати повеќе од до сега дозволеното.

Претседателката на Антикорупциската комисија Мирјана Димовска вели дека до сега партиите трошеле повеќе од законскиот лимит, но уверува дека со законските измени им се намалува можноста залоупотреба зошто Комисијата ќе има увид во сите потрошени пари:

,,Ние сме апсолутно подготвени до максимум, јас ќе речам и креативно да ја толкуваме примената на сето она што ни е дозволено."

Конвенција на СДСМ
Од седумтемина кандидати четворица се универзитетски професори. Жена з кандидираше само ДПА, а само Љубе Бошкоски влегува во трката како независен кандидат. За градоначалничка фотелја во 84 општини и за град Скопје се борат повеќе од 350 кандидати.
Овие изборите се одржуваат под до сега најголемо меѓународно набљудување. Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 3700 луѓе, додека меѓународната мисијата на ОБСЕ/ОДИХР планира да распореди околу 300 набљудувачи, најмногу до сега.
Гласачите би требало да можат да го дадат својот глас без страв од евентуални насилства или заплашување


Шефот на набњудувачката мисија на ОДИХР Питер Ајкер посочува дека македонските избори со внимание се следат во меѓународната јавност. Ајкер и порачува на власта и на партиите да создадат мирна атмосфера пред изборите.

,,Најважното нешто кое треба да го направат, судејќи по проблемите кои ги идентификувавме на последните избори е да обезбедат мирна атмосфера за избори, која би била слободна од заплашување. Гласачите би требало да можат да го дадат својот глас без страв од евентуални насилства или заплашување."

Минатогодишните парламентарни избори на кои имаше и човечки жртви од дел од аналитичарите беа прогласени за најлоши до сега. Поради насилствата на изборниот ден Македонија доби негативна оценка од европската комисија, а одржувањето на фер и демократски избори стана девета одредница според која ЕУ ќе го оценува напредокот на земјава.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG