Достапни линкови

Грчки фирми не плаќаат концесија во Прилеп


Прилеп

Прилеп

Четириесетина фирми претежно со грчки капитал кои во околината на Прилеп масовно ги експлоатираат рудни богатства, но и го истражуваат теренот, одбиваат навреме да го платат определниот концесиски надоместок. Така во градската каса наместо проектираните 18, се собрани само 7 милиони денари.Од нив најголем дел, од над 5 милиони денари се пари на ФХЛ Мермерски комбинат, грчка компанија,најголем концесионер, но која и најкоректно ги плаќа обврските по овој основ. Останатите концесионери велат во локалниот сектор за финансии и буџет доцнат со месеци во плаќање на оваа давачка која, според законот за концесии 60% се инкасира преку
Потфрлањето може да го бараме во недоволната екипираност со даночни инспектори. Второ, може да биде потфрлање поради недоволна екипираност во производствениот процес на фирмите обврзници, со оглед на финансиската криза
министерството за економија во државниот, а останатите 40% во локалниот буџет.

,,Најпрво, со законот за извршување имаме можност преку блокирање на нивните сметки да извршиме наплата. Така што, со сите активности што ги презема централната власт, односно Министерството за финансии во однос на можностите што ги дава законот за извршување, ние имаме олеснет начин на наплата на приходите."

вели Драги Ѕвездакоски, раководител на сектор за финасии и буџет. Тој најавува интензивни контроли, вработување на уште двајца даночни инспектори кои постојано ќе ја чешлаат работата на фирмите, така што ќе биде исклучена можноста компаниите да профитираат, а при тоа да не ги плаќаат обврските кон државата.

,,Потфрлањето може да го бараме во недоволната екипираност со даночни инспектори. Второ, може да биде потфрлање поради недоволна екипираност во производствениот процес на фирмите обврзници, со оглед на финансиската криза."

Од друга страна, потфрлањата во наплатата на надоместокот има реперкусии, зашто со транспортот се уништува инфраструктурата,а финансискиот кусок ја блокира реализацијата на комуналните инвестиции:

,,Не е само оштетен буџетот на општината, туку и на државата. Сметам дека со плаќањето на концесиите и фирмите не губат ништо
Со плаќањето на концесиите и фирмите не губат ништо бидејќи тоа што ќе се санира се сообраќајниците низ кои се движат
бидејќи тоа што ќе се санира се сообраќајниците низ кои се движат, а со тоа нема да се амортизираат многу и транспортните средства. Значи, сите добиваме со тие концесии."

истакнува градоначалникот Марјан Ристески. Инаку, според законот надоместокот за простор се плака еднаш годишно во висина од 100.000 денари за еден километар квадратен,а на секои 3 месеца компаниите плаќаат уште една давачка во Министерството чија висина е условена од количествата ископани руди и продадени комерцијални блокови.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG