Достапни линкови

Ирак го поздрави најавеното американско повлекување


Ирачкиот потпретседател Тарик ал Хашеми денеска го поздрави повлекувањето на американските борбени сили од Ирак што вчера го најави американскиот претседател Барак Обама. Сепак, тој повтори дека Вашингтон, како што изјавил, се уште има голема одговорност во изградбата на Ирак во кој ќе владее ред и поредок. Обама вчера нареди завршување на американските борбени операции во Ирак до август идната година и целосно повлекување на силите до крајот на две илјади и единаесетата година.
XS
SM
MD
LG