Достапни линкови

logo-print

ЕУ самит:Страв од протекционизам


Лидерите на Европската унија од централна и од источна Европа би требало да се состанат утре за да ја утврдат нивната заедничка позиција на итниот самит на Унијата закажан, исто така, за утре во Брисел. До ваквиот состанок доаѓа по покана од полскиот премиер Доналд Туск со цел, како што се наведува, да се обезбеди дека на евросамитот, посветен на финансиската криза, нема да доминираат само интересите на западните членки на Унијата. Некои од посиромашните земји од централна и источна Европа страхуваат од протекционизам кој се повеќе интензивира кај побогатите европски земји.
XS
SM
MD
LG