Достапни линкови

Обама не е за долгорочно воено присуство во Авганистан


Барак Обама, претседател на САД

Барак Обама, претседател на САД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите Држави, и покрај сегашните планови за испраќање дополнителни сили, не сакаат долгорочно присуство во Авганистан. Обама, во интервју за една американска телевизија, посочи дека Авганистан е познат по тоа што дава отпор на секоја сила за која мисли дека е окупирачка и оти Вашингтон го знае тоа. Обама не прецизира кога американските трупи би можело да ја напуштат таа земја. Деновиве Обама нареди распоредување на дополнителни седумнаесет илјади војници во Авганистан. Вчера тој најави повлекување на повеќето американски сили од Ирак до август идната година. Сепак, како што рече, пеесет илјади ќе останат таму и по тој рок со цел да им помогнат на ирачките безбедносни сили.
Американски војници во Авганистан


,,Затоа, ирачки народе, сакам да бидам јасен за американските намери. Соединетите држави не ја сакаат вашата територија или вашите ресурси. Го почитуваме вашиот суверенитет.,,

Изјави претседателот Обама. Вашингтон и Багдад имаат потпишано договор за целосно американско повлекување од Ирак до крајот на две илјади и единаесетата година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG