Достапни линкови

logo-print

Без американска делегација на Конференцијата на ОН против расизмот


Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама соопшти дека нема да учествува на престојната конференција на Обединетите нации посветена на расизмот. Соединетите држави и европските земји, се наоѓаат под притисок на Израел да не учествуваат на годинашниот состанок. Првата таква конференција што се одржа пред осум години, Соединетите држави и Израел ја напуштија поради обидите ционизмот, движење за создавање еврејска држава во Палестина, да се изедначи со расизмот.
XS
SM
MD
LG