Достапни линкови

Избори без насилство


Гласачко место
Гласачко место
На само два дена пред официјалниот почеток на предизборната кампања за локалните и претседателски избори, аналитичарите и граѓанскиот сектор веруваат дека во Македонија ќе се одржат избори без насилство. Тие очекуваат дека нема да се повторат грешките од минатогодишните предвремени парламентарни избори кои дел од јавноста ги оцени како најлоши до сега.

Причината за тоа тоа ја гледаат, пред се, во засилениот притисок од меѓународната заедница и од граѓанскиот сектор. Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Питер Ајкер соопшти дека се уште не ја утврдиле точната бројка на монитори, но дека побарале, земјите членки на ОБСЕ, да испратат 300 набљудувачи што треба да ги следат изборите во Македонија.
Минатите избори ги следаа околу 180 странски набљудувачи.
Гласање

Ајкер вели дека зголемувањето на бројот на мониторите се должи на сложената гласачка процедура. Експертите коментираат дека овие избори се најсложените до сега. Гласачите во Македонија ќе добијат по три гласачки ливчиња, едно за претседател, едно за градоначалник и едно за избор на советници. Жителите на Скопје ќе имаат и додатни две ливчиња, зашто покрај за општините гласаат и за градоначалник и советници за град Скопје. Гласачите по желба ќе може да гласаат само на локалните или само на претседателските
Има голем број набљудувачи од неколку причини. Едната сигурно е големиот меѓународен интерес за овие избори и земјите членки не охрабруваат да имаме добра и силна мисија тука
избори.

Сепак, Питер Ајкер вели дека една од основните причини за засилениот мониторинг на изборите е големиот меѓународен интерес за нив.

,,Има голем број набљудувачи од неколку причини. Едната сигурно е големиот меѓународен интерес за овие избори и земјите членки не охрабруваат да имаме добра и силна мисија тука."

Ајкер вели дека набљудувачката мисија на ОБСЕ посебно ќе се задржи на проблемите кои ги забележале на минатите избори. Освен на заплашувањето, семејното гласање и почитувањето на процедурата, Ајкер најавува дека најмногу ќе се задржат на изборното насилство.

,,Би сакал да го ставам акцентот на насилството, имено на избегнување на насилството и заплашувањето, како едни од најбитните прашања на кои ќе се задржиме тука. Властите треба да создадат терен за фер игра за сите кандидати. Им посакувам се најдобро и се надевам дека ова ќе го направат ефективно, и на крајот на денот ќе можеме да ги потапкаме по рамо за добро завршената работа."

Од друга страна, дел од аналитичарите велат дека е опасна тезата која се наметнува, дека ако нема пукање тогаш имаме добри избори.
Би сакал да го ставам акцентот на насилството, имено на избегнување на насилството и заплашувањето, како едни од најбитните прашања на кои ќе се задржиме тука. Властите треба да создадат терен за фер игра за сите кандидати.

Граѓанската асоцијација МОСТ која најави дека изборите ќе ги следи со повеќе од 3700 домашни набљудувачи веќе забележува неправилности во процедурата. Тие од Државната изборна комисија чекаат одговор на забелешката дека 40 општини не ја испочитувале законската обврска да определат места на кои партиите бесплатно ќе може да лепат плакати. МОСТ бара од Државната изборна комисија да одлучува дали имало предвремен почеток на предизборната кампања од дел од кандидатите. За предвремен почеток на кампања ДИК до сега ги казни само Социјалдемократската унија на Лазар Еленовски и бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасовски кој не успаеа да ги собере потребните 10.000 потписи за претседателска кандидатура. Советот за радиодифузија, пак, парично казни неколку телевизии поради нарушување на правилата за известување во предизборниот период. Политичките партии и дел од медиумите се жалат на кусата предизборна кампања и на недоречености во Изборниот законик.
Аналитичарот Имер Исмаили вели дека сепак законите мора да се почитуваат и не смее да има никакви пропусти, не само на изборниот ден, туку во целиот период до изборите.

,,Почнуваме да бираме меѓу лошото и помалку лошото, а тоа е логија што некои аналитичари ја промовираат. Тоа би било погубно. Јас мислам дека едно гласачко ливче, кое на нерегуларен начин ќе биде ставено во кутија за гласање, за мене тоа се нерегуларни избори. Ако тргнеме од тоа дека треба да имаме регуларни избори со сите елементи на регуларност, тогаш не доаѓа предвид, не пукање, туку да нема инциденти ниту најмали, затоа што ние сме под строг мониторинг."

Избирачки одбор
Според податоците на Невладината организација Коалиција сите за правично судење која ги следи судските процеси за изборни
Ако тргнеме од тоа дека треба да имаме регуларни избори со сите елементи на регуларност, тогаш не доаѓа предвид, не пукање, туку да нема инциденти ниту најмали, затоа што ние сме под строг мониторинг
нерегуларности, досега само 14 луѓе, меѓу кои и групата на Агим Красниќи, се осудени. Во моментов има 12 активни судски процеси поврзани со изборите, иако има повеќе од 200 обвиненија за вакви кривични дела.

Исмаили вели дека вината треба да се бара во ниското ниво на политичка култура, но и во неефикасното судство и малите казни што им се изрекуваат на сторителите.

,,Колку повеќе ќе праиш инциденти, колку повеќе ќе го оштетиш процесот на гласање, толку повеќе ќе добиеш поени во хиерархијата на одредена партија. Верувајте, има луѓе и кај Албанците и кај Македонците кои ги направија нередите и денеска котираат високо по престижот кој го имаат во хиерархијата на партиите."

Невладината организација Цивил со 20 мобилни набљудувачи ќе ги следи изборите но само во делот на изборно насилство. Неколкуте инциденти кои настанаа од почетокот на годинава создаваат и страв за можни немири во предизборието, слични или полоши од оние во 2008 година. Претседателот на Цивил Џабир Дерала, сепак се надева дека, поради силниот меѓународен притисок врз власта, нема да имаат многу работа. Дерала смета дека институциите не смеат да дозволат нерегуларностите да се остават на нечија политичка култура.

,,Не смеат институциите на системот да се потпираат на ситуации во коишто може да се каже дека партиските војници се повлијателни на теренот. Тоа е недозволиво. Бидејќи ако кажете такво нешто го укинувате својата функција како врвна и одговорна институција, а тоа е власт. Значи, системот мора да одговори и најодговорен е кога се работи за насилството и оруженото насилство."

Од друга страна, Беким Хоџа од Коалицијата Сите за правично судење се сомнева дека зголемувањето на казните за изборни
Не смеат институциите на системот да се потпираат на ситуации во коишто може да се каже дека партиските војници се повлијателни на теренот.
нерегуларности ќе ги спречат насилниците.

,,Пред предвремените избори во 2008 година казнените мерки се заострени за изборни нерегуларности, тоа очигледно не влијаеше за намалување на бројот на нерегуларности."

Според првичните заклучоци до кои дојде Коалицијата за правично судење по завршувањето на минатогодишните парламентарни избори, се зголемува примената на насилство при изборните нерегуларности при што изостанува ефикасен институционален одговор во однос на делата со кои се повредува слободата на определување, неотуѓивоста на гласачкото право и тајноста на гласањето.

Поради тоа Коалицијата препорачува законски измени со кои би и се дале поголеми овластувања на државната изборна комисија.

,,Треба да се зајакне капацитетот на ДИК во сите фази од изборниот процес, значи од денот на прогласување на изборите, до нивно финализирање. ДИК треба да обезбеди максимална заштита на учесниците во процесот, по можност да води прекршочни постапки и да изрекува прекршочни санкции, значи законски да се определи како прекршочен орган,"

Вели Беким Хоџа.

На предновогодишниот брифинг со новинарите евроамбасадорот Ерван Фуере ја критикуваше сосотојбата со медиумите во земјава. Фуере тогаш рече дека не може една земја да се смета за демократска ако нема слободни медиуми. Дел од аналитичарите ова го сфаќаат како порака дека во наредниот извештај, Европската комисија ќе ја оценува и слободата на медиумите. Познавачите велат дека медиумите ја играат клучната улога во создавањето на јавното мислење и влијаат на одлуката на гласачите. Тие сметаат дека изборите не може да се сметаат за фер и демократски, ако известувањето во предизборниот период не било урамнотежено.
Професионалните новинарски стандарди наложуваат медиумите да обезбедат професионална дистанца од кандидатите и од политичките партии.

Директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска се сомнева дека овие стандарди ќе бидат испочитувани. Петковска го темели сомнежот на резултатот од мониторингот на Советот за радиодифузија од последните парламентарни избори, но и на начинот на информирање и уредувачката политика на медиумите што се користи во периодот пред кампањата.

,,Основната причина лежи во директната поврзаност на сопствениците на дел од медумите со политичките партии и бизнис центрите на моќ кои имаат удел во кампањите на одредени кандидати. Тоа е сериозен проблем и изборите ќе бидат вистински тест за тоа дали сопствениците на медиумите ја сфатија пораката од ЕУ дека однесувањето на медиумите може да се третира како дополнителна одредница во барањата што Македонија треба да и ги испорача на ЕУ."

Европската комисија, во извештајот за напредокот на Македонија за 2008 година го посочи изборното насилство како еден од главните проблеми со кои се соочува земјата. Поради насилството на изборите, на кои имаше и човечки жртви и ранети од огнено оружје, Европската комисија одлучи изборите да бидат девета одредница според која ќе го оценуваат напредокот на Македонија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG