Достапни линкови

Обама го објави планот за Ирак


Американскиот Претседател Барак Обама вечерва изјави дека американските воени операции во Ирак треба да завршат најдоцна до 31 Август 2010. Според планот кој Обама го објави во базата Леџеијн во Северна Каролина се предвидува постепено повлекување на околу 142 илјади американски војници. Сепак во Ирак би требало да останат меѓу 35 и 50 илјади американски војници како подршка на ирачките трупи и заштита на американските интереси во земјата. Ирак не е безбеден се уште, изјави Обама наведувајки дека сепак неговата администрација има намера да ги повлече сите војници од Ирак до крај на 2011 година.
XS
SM
MD
LG