Достапни линкови

Грчки протест против Уставното име на РМ


Шефицата на грчката Канцеларија за врски во Република Македонија, Александра Пападопулу, ја напушти денешната конференција „Културата и аудио-визуелната комуникација - вектор на мирот и европската иднина на земјите од ЈИЕ“, поради, како што рече, користењето на уставното име наместо референцата ФИРОМ. Евро-амбасадорот Ерван Фуере, кој учествуваше на конференцијата, одби да ја коментира реакцијата на грчката амбасадорка. Тој искажа поддршка за конференцијата, која според него, е во духот на развојот на културата меѓу земјите од ЈИЕ. На конференција присуствуваат министри, заменици министри и државни секретари од речиси сите земји од регионот.
XS
SM
MD
LG