Достапни линкови

Стечајците повторно на протести


Стечајните работници со над 25 години работен стаж и нерешен статус и оние што се прогласени за технолошки вишок в среда повторно ќе протестираат пред Владата на Република Македонија барајќи решавање на нивниот проблем. Унијата на стечајни работници денеска соопшти дека и оставиле рок на Владата до среда да понуди решение за нивниот проблем. Според УНИТ, категоријата стечајци, невработени со над 25 години работен стаж и технолошки вишок брои над 40.000 лица и за нив месечно државата би одвојувала по околу три милиони евра или годишно речиси 40 милиони евра.
XS
SM
MD
LG