Достапни линкови

Гласањето на изборите едно од најкомплицираните до сега


Гласачко место
Гласачко место
Македонија спроведува едно од најкомплициранот гласање досега, поради поклопувањето на локалните и претседателските избори, а со самиот факт дека граѓаните ќе добиваат по три гласачки ливчиња во останатите места и дури пет за гласачите во Скопје, процесот бара посебно внимание, за да се избегнат нерегуларности, предупредуваат надлежните. Потребна е детална едукација на граѓаните, како и поголема организација на избирчките места, бидејќи самото гласање на повеќе ливчиња ќе предизвика бавност, со што се
Поради поклопувањето на претседателските и локалните избори ќе предизвика бавност на самиот процес на гласање, а бавноста може да предизвика тензии меѓу граѓаните
зголемува можноста за одредени тензии, е предупредувањето и повикот кој што го упатуваат од граѓанската асоцијација МОСТ која го следи изборниот процес:

„На пример само во градот Скопје, граѓаните ќе добиваат пет избирачки ливчиња, што само по себе кажува дека времетраењето за спроведување на гласањето од страна на избирачкиот одбор ќе биде многу подолг. Тоа што може да се очекува се тензии поради долгите редици пред избирачките места.“

Изјавува Дарко Алексов извршен директор на МОСТ, во интервјуто за нашето радио кое ќе го проследите во недела. И експертите на мислење дека долготрајноста на процесот на гласање поради многуте гласачки листи, бара поголема внимателност:

„Поради поклопувањето на претседателските и локалните избори ќе предизвика бавност на самиот процес на гласање, а бавноста може да предизвика тензии меѓу граѓаните.“

Вели Професорот од Универзитетот на Југоисточна Европа Јетон Шасивари кој додава дека преку позасилен ангажман на
Бавноста може да се отстрани преку ефикасност на изборните органи
институциите и поголема организација, може да се избегне евентуален неред на денот на гласањето:

„Таа бавност може да се отстрани преку ефикасност на изборните органи, односно избирните Комисии преку дополнително ангажирање на заменици членови на тие избирачки Комисии.“

Смета Шасивари.

Од Државната изборна комисија велат дека се во завршна фаза на подготовката на пропагандниот материјал за едукација на граѓаните. Не се доцни, туку објаснувањето за гласањето секогаш сме го правеле, на десет дена пред изборите, изјавува Зоран Таневски од ДИК:

„До сега секогаш било последните десет дена ударно за да може да остане во сеќавање кај гласачите. Што е поблиску до настанот, има поголем ефект меѓу граѓаните.“

посочува Таневски.
XS
SM
MD
LG