Достапни линкови

Њујорк: Средба Бакојани - Нимиц


Преговорите за разликите околу името стагнираат, изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани по средбата со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк. Засега нема повеќе детали од средбата, по која Нимиц изјави дека било разговарано за текот на процесот на преговорите. Бакојани, која со средбата со Нимиц ја заврши неколкудневна посета на Соединетите држави во својство на претседавач на ОБСЕ, вчера во Вашингтон се сретна и со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG