Достапни линкови

Девалвација?


Намалените денарски а зголемените девизни штедни депозити нема да им наштетат на банките, тврдат банкарите. Експертите и банкарите заклучуваат дека интензивирањето намалување на денарските штедни влогови во банките е одраз на паника, а не на реален ризик од девалвација на денарот.

Новоизбраниот претседател на здружението на банкарите Ѓорѓи Јанчевски вели дека во јавноста се преувеличува ризикот и ефектите
За банкарството е битно да има штедни влогови, дали тие се во денари, девизи, тоа е како кој ќе си реши
од претпоставената девалвација.

„Што ќе направиме ако има девалвација, ќе трае месец дена, после ќе дојдеш во иста ситуација, така што, не верувам дека ќе има девалвација.“

Јанчевски вели дека на банкарите не им е битно дали влоговите се во евра или во денари

„За банкарството е битно да има штедни влогови, дали тие се во денари, девизи, тоа е како кој ќе си реши.“

Експертите се согласуваат со банкарите дека граѓаните купуваат повеќе девизи поради тоа што се плашат од девалвација. Професорката Марија Зарезанкова Потевска потенцира дека мерките на централната банка не би дозволиле денарот да се девалвира.
Факт е дека нашите монетарни власти кажаа дека ќе се држат цврсто до девизниот курс којшто го имаме и мислам дека во моментов не постои опасност од девалвација


„Факт е дека нашите монетарни власти кажаа дека ќе се држат цврсто до девизниот курс којшто го имаме и мислам дека во моментов не постои опасност од девалвација. Мислам дека целата состојба со девизите е резултат на паника, којашто пак е резултат на големата светска економска криза.“

Потевска додава дека штедењето во евра не би требало да создаде посериозни последици за денарот.

„Бидејќи, курсот ни е цврст, врзан, не е флуктуирачки, тој останува, мислам дека нема причина за панија.“

Инаку според последните проценки, во јануари годинава граѓаните поинтензивно ги повлекуваат парите од банките. Вкупните депозити во јануари оваа година се помали за нешто повеќе од 27 милиони евра во споредба со декември минатата година. Денарските депозитри на компании и граѓани се намалени за над 3 милијарди денари. Дел се целосно повлечени а дел се претворени во странски девизи.
XS
SM
MD
LG