Достапни линкови

Турканици за земјоделски субвенции во Куманово


Macedonia - Minister of Agriculture Aco Spasenoski, Skopje, 20Feb2009

Macedonia - Minister of Agriculture Aco Spasenoski, Skopje, 20Feb2009

Над 4 илјади сточари-одгледувачи на крави од Општините Куманово, Старо Нагоричино и Липково секојдневно поминуваат по повеќе часови пред Подрачното министерство за земјоделство во Куманово за да ги предадат документите за добивање субвенции. Во Подрачното министерство велат дека турканиците ги создаваат земјоделците и нивната нетрпеливост.
Чекаме, се ствара голема гужва, фати зима, а слаби сме со финансии


Земјоделците се незадоволни од чекањето ред, но и од нивната состојба во оваа стопанска гранка. Тие се соочуваат со финансиски проблеми поради што и го намалуваат на бројот на кравите.

,,Чекаме, се ствара голема гужва, фати зима, а слаби сме со финансии."
,,Немаме ништо од млеко, имам 10 крави."
,,Со оваа цена на млекото не ни се исплати да чуваме стока."

Во Министерството за земјоделство велат дека првата фаза за аплицирање на земјоделците за субвенции е завршена, а за намалување на турканиците имаат ангажирано дополнителен број на работници.Процедурата на прием и обработка на документите се одвива без
Процедурата е поедноставена, потребно е да се поднесе само еден образец
проблеми.

,,Процедурата е поедноставена, потребно е да се поднесе само еден образец. Потоа тие треба да го имаат само архивскиот број, и тој се внесува во нашата база на податоци и тоа е се."

вели Скендер Алии и додава дека турканиците се поради големиот број на заинтересираните, но и поради...

,,Земјоделците се помалку и нестрпливи"

Тој додава дека дневно се обработуваат по 400 документи на апликанти,а парите краварите ќе ги добијат во текот на месецот март.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG