Достапни линкови

Ослободителна пресуда за Милан Милутиновиќ


Хашкиот трибунал го ослободи денеска поранешниот српски претседател Милан Милутиновиќ од сите точки во обвинението за воени злосторства, извршени на Косово во 1998 и 1999 година. Останатите петмина кои беа судени заедно со него добија затворски казни. Поранешниот вицепремиер Никола Шаиновиќ, поранешниот началник на Генерал-штабот на српската армија Небојша Павковиќ и полицискиот генерал Сретен Лукиќ се осудени на по 22 години затвор. Другиот поранешен началник на Генерал-штабот Драгољуб Ојданиќ и генералот Владимир Лазаревиќ се осудени на по 15 години затвор.
XS
SM
MD
LG