Достапни линкови

Во Македонија сеуште има напнатост на меѓуетнички план


Правните и полициските процедури, приведувањата за криминални дела, судските реформи , политичкиот притисок врз судтвото како и слободата на медиумите се областите во кои најновиот извештај на Стејт Департментот ги лоцира проблемите во поглед на почитувањето на човековите права во Македонија. Овој извештај се осврнува и на напнатоста на меѓуетнички план која како што вели влијае врз повеќе области како што се образованието, вработувањето и политичкото учество. Ваквите забелешки се реални и сосема
Извешајот на Стејт Департментот содржи факти поврзани со настани кои се случиле во Македонија
соодветствуваат на нашето социјално миље, коментира професорот Хасан Јашари. На нив тој би ги додал и правата на Ромите околу кои според него сеуште не се води многу сметка во земјава. Проблемите тој ги лоцира во како што вели нивото на политичката култура и општата демокатска зрелост.

„Прашање на демократскиот развој, ние и да кажеме дека сме демократска земја ги немаме сепак во целост изградено тие демократски институции и демократски капацитети.“

Вели Јашари.

Извешајот на Стејт Департментот содржи факти поврзани со настани кои се случиле во Македонија вели политикологот Влатко Мисев. Од него не може да се констатира според него влошување на почитувањето на човековите права во земјава, но оваа ситуација која што е констатирана особено во делот на политичките притисоци нотирани во делот на судството и на медиумите е рефлексија и на
Проблем е нивото на политичката култура и општата демокатска зрелост
политичката ситуација и миље во кое се наоѓа државата.

„Во моментот кога опозицијата ќе стане доволно јака и кога ќе се изгради политичка култура до тој степен да може граѓанинот, односно гласачот да го санкционира тоа поведение, тогаш најверојатно нема да бидат споменувани таквите однесувања на власта во овие извештаи.“

Вели Мисев.
XS
SM
MD
LG