Достапни линкови

Европската унија во потрага по заедничка економска политика


Од самитот на ЕУ, Брисел

Од самитот на ЕУ, Брисел

Конечно: Лидерите на Европската унија испратија сигнал дека можат да покажат лидерство. На нивниот викенд самит во Берлин тие направија искрен напор да најдат заедничка политика пред средбата на Групата дваесет најразвиени земји во светот во април во Лондон. Ова го оценува весникот Фајненшал Тајмс, додавајќи дека евролидерите се подготвени да ги надминат претходните епизоди на национален егоизам.


Евро лидерите се согласија да ги исчистат плановите за финасиско регулирање, но деталите и натаму остануваат нејасни. Несогласувањето останува во врска со релативните приоритети: Франција сака да ги регулулира инвестиционите фондови, додека Британија, каде што вакви фондови има најмногу во Европа, е за уривање на даночните засолништа. Од друга страна, како што пишува Фајненшал Тајмс, германскиот канцелар Ангела Меркел инсистира фокусот повеќе да се насочи врз долгорочната финансиска реформа, отколку врз координација на краткорочните одговори на кризата. Или, со други зборови, тоа потсетува на максимата: Сите сме мртви на долга патека. Изјавата на госпоѓа Меркел личи на реорганизирање на пожарникарска бригада во време кога пожарот с
Ангела Меркел, германски канцелар
е уште не е ставен под контрола. Но, реорганизирањето на пожарникарската служба, односно во овој случај, преобликувањето на глобалниот финансиски систем, е неопходна задача. За да се оствари ќе треба многу време, но таа не смее веќе да се одлага. Обврските кои произлегоа во Берлин, како: сеопфатна регулација на финансиските пазари, вклучувајќи ги и инвестициските фондови, санкции против даночните засолништа и создавање меѓународен систем на итно предупредување, се само начелни иницијативи. Европската унија мора да го сврти вниманието и кон пожарите на нејзината источна граница. Тешкотиите во банкарските и валутни пазари во централна и источна Европа ќе продолжат да се зголемуваат. Се уште има и недостиг од итност во Брисел и во другите метрополи во препознавањето на она што најмногу е во прашање: Европа, цела и слободна по завршувањето на Студената војна. Навистина, лидерите учтиво се договорија за двојно зголемување на поддршката на Меѓународниот монетарен фонд. Но, ваквата апстракна поддршка не е доволна: тие мора веднаш парите да ги стават на маса и да го прифатат кинескиот услов за забрзан преглед на квотите со цел да се ослободат неговите огромни резерви. За да ги постигнат нивните цели, на лидерите на Европската унија им е потебна поддршката од Соединетите држави, нешто што не можат да го добијат, без предходно да се усогласат меѓу себе. Нивната потрага по заедничка политика им е единствената надеж да ја истепаат протекционистичката ѕверка која сами рефлексно ја ослободија, заклучува Фајненшал Тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG