Достапни линкови

Брза помош ја вознемируваат лажни повици


Брза помош
Брза помош
Лажни повици го вжештија телефонот на Брзата Медицинска помош во Битола. Во последните денови зачестиле телефонски дојави кои бараат лекарска интервенција за повредени и тешко болни на локации одалечени десетина километри од градот. Кога медицинскиот тим излегол на терен констатирал дека се работи за невкусна шега. Вработените во Брзата помош раскажуваат дека дојавите биле зачинети
Уште да е потрагично приказната која ја кажуваа по телефон беше многу образложена и навистина една невкусна шега од страна на несовесни граѓани
со толку факти кои не дозволувале да се посомневаат во веродостојноста на повикот.

,,Уште да е потрагично приказната која ја кажуваа по телефон беше многу образложена и навистина една невкусна шега од страна на несовесни граѓани"

вели доктор доктор Хритисто Бојаџиев.

Тој се присетува дека во еден од повиците биле замолени што побрзо да дојдат пред хотелот Молика зашто турист бил тешко повреден и имал скршеница на ногата. Несовесните граѓани кои им телефонирале излажиле дека допатувавме со автобус од Скопје и не се во можност да го транспортираат повредениот зашто немале автомобил.

,,Во првиот случај беше барана интервенција пред хотелот Молика на Пелистер, во вториот во село Трново и во третиот на улица Ѓуро Ѓаковиќ. Лошо во сето ова е што се работи за подалечни дестинации каде што се ангажира екипата на Итната медицинска помош. Понатаму доколку навистина има некој итен случај, а ограничени сме со возила, да не може да се интервенира"

додава Бојаџиев

Службата ги евидентирала телефонските броеви од кои била побарена итна медицинска помош и го исвестла Секторот за вантрешни
Доколку навистина има некој итен случај, а ограничени сме со возила, не може да се интервенира
работи, кој понатаму ја презема должноста за пронаоѓање на лажните јавувачи. Од претходните вакви искуства вработените од Итната помош заклучуваат дека акциите за пронаоќање на несовесните граѓани кои си поигруваат со нивната мобилност немаат голем успех.

,,Ние ќе го побараме тој број, но најчесто е исклучен или не одговара. Во најголем број на случаи го пријавуваме в полиција. Но, можноста за интервенција е многу мала. Не може да се идентификува денес имаме промена на телефони и друго"

велат од службата.

Најчесто со лажни повици си играле малолетни лица, но не биле исклучок ни возрасните. Проблем било и честото блокирање на линијата на службата. Освен Итната медицинска помош во изминатиот период лажни телефонски повици добивала и Противпожарната единица во Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG