Достапни линкови

Петгодишнина од смртта на претседателот Борис Трајковски


По повод петгодишнината од смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, многубројни делегации денеска ќе положат цвеќе на неговиот гроб во Алејата на великаните на градските гробишта во Скопје. Државна делегација, пак, предводена од потпретседателот на Собранието Рафиз Алити во која ќе бидат и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, претставници на Кабинетот на Претседателот Бранко Црвенковски и членови на семејството на починатиот претседател Трајковски, ќе го посети споменикот подигнат на местото на кое загинаа Трајковски и осуммина негови соработници во близина на Мостар. Собранието на Република Македонија во чест и сеќавање на Борис Трајковски денеска ќе одржи свечена седница на која ќе се обрати претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски. Во рамки на одбележувањето за денеска се предвидени и Меѓународен форум на тема „Нашите заеднички вредности“ и Вечера на молитва и заедништво. Утре ќе биде организиран Меѓународен младински лидерски форум на тема „Нашите заеднички вредности“. Петгодишнината од трагичното загинување на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски со повеќе активности ќе биде одбележана и во неговата родна Струмица.
XS
SM
MD
LG