Достапни линкови

Вашингтон: Средба Бакојани - Клинтон



Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани денеска во Вашингтон треба да се сретне со државниот секретар на Соединетите Држави Хилари Клинтон. Бакојани во вчерашното обраќање пред Институт Брукингс во Вашингтон рече дека се надева на решение во кое двете страни ќе бидат победници. Таа ја обвини Владата во Скопје дека го избрала патот на национализмот, додека Владата во Атина решила да ја смени политиката од изминатите 17 години и да прифати име што содржи Македонија, но со географска одредница.
XS
SM
MD
LG