Достапни линкови

logo-print

Истанбул: Заборавено злато на Аеродром


Седумнаесет килограми злато вредно 430 илјади евра се откриени синоќа в чанта, заборавена на аеродромот Сабих Ѓокчен, во Истанбул, јави Си Ен Ен -Турк. Обезбедувањето на аеродромот ја открило чантата пред терминалот за внатрешните линии и за тоа ја информирало полицијата. Малку подоцна две лица, кои на полицијата и покажеле документи за поседување на златото, изјавиле дека се курири, пренасувачи на злато, како и дека чантата е нивна и дека ја забравиле. Ако се утврди дека чантата со злато навистина е нивна, тие денеска ќе можат да ја земат од обвинителството, посочи полицијата.
XS
SM
MD
LG