Достапни линкови

Песимизам за идното проширување на ЕУ


Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере и претседателот Бранко Црвенковски

Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере и претседателот Бранко Црвенковски

Песимистичките изјави кои што стигнуваат од Европската Унија, која соочена со економската криза најавува дека во нејзините редови се помалку има ентузијазам за натамошно проширување со земјите од Балканот, како и најавите дека годинава е можно да нема укинување на визите за овие земји, домашната стручна јавност ги коментира како неповолни за целиот регион. Професорот Владимир
Полноправно членство во ЕУ, оди прво со членство во НАТО, меѓутоа за жал некако како да ја имаме закопано главата како ,,ној во песок“ и никако да појдеме напред односно да ја солгедаме реалноста
Пивоваров, смета дека ова се последици со кои што Македонија треба да се соочи по неуспехот да стане членка на НАТО. Имено работите се искомплицираа дополнително по спорот со името, и неуспешниот самит за нас во Букурешт, си доставивме нови критериуми, меѓу кои и изборите, не е јасно докаде сме со останатите реформи, со што меѓународната позиција на земјата е разнишана, вели Пивоваров:

„Значи полноправно членство во ЕУ, оди прво со членство во НАТО, меѓутоа за жал некако како да ја имаме закопано главата како ,,ној во песок“ и никако да појдеме напред односно да ја солгедаме реалноста.“

Смета професор Пивоваров. Тој очекува дека тоа што од Европската Унија стигнуваат песимистички изјави, дополнително со фактот дека земјава не успееа да стане членка на НАТО, не ни оди во прилог и ќе донесе и други последици:

„И мое мислење е дека Европа треба да има во предвид дека неможе да остава едно кризно подрачје надвор од своите граници, што побргу во апсорбира во своите рамки, толку побрзо ова подрачје ќе излезе од проблемите.“

Сигурно ќе бевме во подобра позиција доколку бевме дел од НАТО, се согласува и аналитичарот Хисен Рамадани, но посочува дека доколку се има воља чекорот може да се фати:

„Ние сигурно би биле во подобра состојба доколку веќе бевме, односно доколку за неколку дена станевме редовни членови на НАТО или пак пристапивме кон преговорите за пристап во ЕУ, но сметам дека ова е изгубено време, но не на голема штета за Македонија, затоа што сметам дека доколку сега го фатиме чекорот пак сме тука.“

Рамадани сепак не гледа исклучок во пораките што ги испраќа Европската Унија и изразува убеденост дека неможе да се спречи натамошна интеграција на балкланските земји во евроатлантските струкутури.
XS
SM
MD
LG