Достапни линкови

Македонското фудбалско првенство пред колапс


Трифун Костовски, финансиер на Вардар

Трифун Костовски, финансиер на Вардар

Македонското фудбалско првенство кое треба да продолжи на 1-ви март, е пред колапс. Причина-суспензиите на Вардар и Милано поради финансиски долгови. Проблемот со Вардар е обештетувањето од 57.000 евра кое за трансферот на Васоски во Ајнтрахт пред пет години, треба да и го исплати на Цементарница. Спорна одлука, која финансиерот Трифун Костовски нема намера да ја почитува и по цена клубот да биде исклучен од Првата лига. ФФМ не може да си дозволи таков луксуз, па, иако неофицијално, деновиве интензивно бара решение за укинување на суспензијата, без да предизвика револт кај другите клубови. Тоа е неизводливо без исплата на долгот, но во мак-фудбалот, уште и во изборна година, се е можно.
Затоа, ова е помал проблем од оној на Милано, кој е суспендиран за долг од 3.000 евра кон Работнички, а играчите се закануваат со штрајк поради долговите кон нив, предизвикани по ланското притворање на сопственикот на клубот - Бајруш Сејдиу. Од тогаш Милано живурка, а штрајкот ќе го згасне, исто како и Башкими пред стартот на сезоната. Тоа ја наруши регуларноста, а нов отказ ќе
Би било голема штета да не започне првенството. И така секоја година е на климави нозе, некој се откажува, така што ова би бил завршен удар.
повлече реакција на УЕФА, со наше исклучување од евро куповите. Во таква ситуација првенството ќе нема значење, што ќе донесе непроценлива штета за сите во мак - фудбалот.

„Се надевам дека ќе се најде решение во интерес на македонскиот фудбал. Би било голема штета да не започне првенството. И така секоја година е на климави нозе, некој се откажува, така што ова би бил завршен удар. Тоа е вистинска катастрофа.“

вели тренерот во Работнички, Љупчо Марковски, со чие мислење се согласува и кормиларот на Македонија ЃП, Илчо Ѓорѓиоски. Тој, сепак, не сака да мисли на најлошото и верува дека се ќе се среди.

„Се подготвуваме најнормално. Не не интересира што се случува во другите клубови. Се подготвуваме ние најпрофесионално и најквалитетно да го одработиме она што треба да го одработиме. Нормално, се надеваме дека се ќе биде најдобро.“

изјави Ѓорѓиоски, чиј клуб е лидер на табелата со седум бода повеќе од Милано а осум од Работнички. Голема предност во битката за титулата, иако, доколку не се случат црните сценарија, не и недостижна. Пред се за шампионот Работнички од каде најавуваат борба до последниот момент.

„Без разлика на осум бодови разлика ние не се откажуваме од борбата за прво место. Спортски е до крај да се игра. Ние сме сепак на половина и ќе се бориме за првото место,“

додаде Љупчо Марковски.
XS
SM
MD
LG