Достапни линкови

Европските интеграции тема на изложба на студенти од ЈИЕ


Macedonia - Panoramic view City Stadium, Skopje, 01Nov2008
Macedonia - Panoramic view City Stadium, Skopje, 01Nov2008
Меѓународната поставка насловена како Балканска перцепција на европскиот идентитет ги претставува видувањата на студентите од ликовните академии на државите од регионов за современата Европа и за перспективите за нивно приклучување кон европските интеграции. Постерите што ќе бидат претставени во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје, слично како на премиерната презентација во Прага - Република Чешка, генерално ја изразуваат вербата во Европа, надежта за брз прием во европскиот клуб, песимизмот кој произлегува како од потешкотиите во врска со надминувањето на несреќното наследство, така и од често бирократскиот пристап и недовербата од страна на сопствениците на европските легитимации. Некои од изложените дела се навраќаат и на бремето на трагичните воени конфликти во овој дел од светот, чија сенка сеуште лежи врз душите на многумина кои ги преживеале.

,,Изложбата пред помалку од две години е отворена прв пат во Прага. Тогаш биле презентирани 45 плакати, од кои ние тука во МКЦ ќе ги презентираме само 36. Ќе имаме изложба од помал обем, но исто така убава, значајна и вредна, како и во Прага пред две години. Изложбата е составена од плакати, изработени на плоча,"

истакнува Мариета Сидовски, кустос и во овој случај кураторка на изложбата во МКЦ. На оваа изложба во Скопје ќе се најдат плакатите на студентите на универзитетите од Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија, а говорејќи за квалитетот на понудата и промисленоста за оваа тема на авторите од ликовната академија при универзитетот Свети Кирил и Методиј, таа со дополна:

,,Од факултетот за ликовна уметност ќе бидат презентирани 10 студенти со нивни творби и размислувања на оваа тема. Идеите се во правец на ЕУ и местото на Македонија во ЕУ."

Кон ова само уште информацијата дека изложбата Балканската перцепција на европскиот идентитет во Скопје ќе ја отворат Г-дин Јозеф Браун, амбассадор на Република Чешка во Македонија и Ивица Боцевски, потпреседател на владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, а поставката ликовната публика во Галеријата на Младинскиот културен центар ќе може да ја проследи во наредните 20-тина дена.
XS
SM
MD
LG