Достапни линкови

Сеуште постојат предрасуди при посвојувањето деца


Семејствата во Македонија се уште не ги надминале предрасудите кога е во прашање посвојувањето дете, велат од Домот за доенчиња во Битола. Долгогодишното искуство покажало дека оние кои немаат свои деца, а бараат да посвојат туѓи, главниот услов што го поставуваат е тие да бидат здрави. Директорката на Домот, Наташа Лазаревска Младеновска, образложува дека надминати се само
И понатаму постојат предрасуди во поглед на здравствената состојба на детето, односно многу е слаб интересот за посвојување на деца со пречки во развојот
предрасурите по национална основа, но не и другите.

,,Единствено што бараат е децата да бидат психо-физички здрави. И понатаму постојат предрасуди во поглед на здравствената состојба на детето, односно многу е слаб интересот за посвојување на деца со пречки во развојот. Тие деца претежно одат во згрижувачки семејства”,

вели Лазаревска Младеновска.

Во моментов во Домот се згрижени 90 сирачињана возраст до шест години. Лани биле 110 штитеници, но 20 од нив биле вратенио во биолошките или дадени во згрижувачки семејства. Од сирачињата што останале во домот само 12 се со пречки во развојот, а останатите се здрави.

Директорката на битолскиот Центар за социјални работи, Виолета Гаџовска, посочува дека во Битола има само шест згрижувачки семејства каде на гледање се дадени 14 деца.

,,Во поглед на згрижувачките семејства стандардите се доста високи. Овие шест семејства што моментално ги имаме на територијата на Битола ги исполнуваат сите критериуми да го добијат пиететот на згрижувачко семејство. Згрижените деца во нив се здрави, одат на училиште, иамаат свои проблеми како сопствените деца, што значи да се згрижуваат такви деца е навистина потешко отколку деца со пречки кои нема потреба да одат на училиште и да се задоволуваат други социо општествени потреби на тоа дете”

вели Гаџовска.

Со цел зголемување на интересот кај граѓаните да згрижуваат деца сираци општина Битола подготвува мотивациони мерки.

,,Во преговори сме со градоначалникот и Советот на општина Битола да се изгласаат социјални мерки кои ќе бидат олеснителни во поглед на семејствата кои ќе се пријават на конкурсот што Центарот за социјални работи ќе го објави за згрижувачки семејства”,

вели Гаџовска.

Социјалните служби додаваат дека посвојувањето оди бавно зашто има 150 кандидати да бидат посвоители, а само 30 деца со решен статус за посвојување.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG