Достапни линкови

НВО продолжена рака на партиите?



Невладините организации наместо продолжена рака на граѓаните прераснуваат во оружје со кое власта и опозицијата ја водат битката за повеќе гласови. Пред секои избори никнува по некоја невладина организација блиска до политичка партија , која блокира патишта, држи прес конференции, трибини и протести. „Право и правна држава„ , „Правда за праведните“. „Доста е“„Гласот на светлината, „Младите знаат“, се само дел од невладините кои беа посочени како организации зад кои стои партија. Многу од така наречените невладини по нарачка ,ги има само пред избори , а потоа згаснуваат, од нив тешко може да се добие број, немаат веб страна или на местото на кое е наведено дека постојат нема таква организација. Таквите организации му го рушат угледот на невладиниот сектор објаснува Лирим Хазири од Асоцијацијата за демократски инцијативи.
Граѓанскиот сектор не е имун од политичките влијанија, но сепак тој подобро се камуфлира од другите институции."


,,И граѓанскиот сектор не е имун од политичките влијанија, но сепак тој подобро се камуфлира од другите институции."

Хазири додава дека таквите организации се препознаваат и останатиот граѓански сектор не зема учество во проекти во кои се вклучени организации зад кои стојат партии.

Аналитичарот Димитар Мирчев вели дека добар дел од граѓанскиот секор финансиски, преку проекти или вработувања е врзан со владини институции или други извори на моќ.

,,Не мора директно, кадровски да кажам, меѓутоа сигурно е дека има влијание. Јас не верувам дека тој сектор ќе влијае непосредно на исходот на изборите."

Според анкета за доверба во граѓанските организации која МЦМС ја спровела меѓу 1.600 испитаници, околу 70 проценти се изјасниле дека постои поврзаност меѓу граѓанските организации и политичките партии, но само 20 отсто навеле конкретно граѓанско здружение.

,,Ова може да говори за стереотип за поврзаноста на невладините организации и политичките партии, како што покажа анкетата не е поткрепен со конкретни аргументи."

Во Македонија се регистрирани повеќе од 4000 невладини организации, но само мал дел од нив егзистираат долго времи и и се познати на јавноста.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG