Достапни линкови

Кому му одговараат континуираните изборни насилства?


Во пресрет на претседателските и локалните избори земјава е под притисокот да организира регуларно гласање, барање што изрично ни го испорачува меѓународната заедница како клучен критериум за натамошните евро-атлантски интеграции на државата. Истиот апел ни се испорачува речиси пред секои изборни циклуси. Партиите во меѓувреме потпишуваат кодекси во кои се обврзуваат на регуларни избори, оддржуваат серија т.н.,,конструктивни“ лидерски средби, но изборните инциденти помалку или повеќе се повторуваа. Кому му одговара состојба на континуирани изборни насилства и натамошно ,,тонење,, на државата во меѓународна изолација? Ескпертите со различни мислења. Професорот Мерсел Биљали одговорноста ја лоцира кај власта:

„Мислам дека притисокот треба да се ориентира кај власта, таа има објективна одговорност да спроведе фер и демократски избори. Ако таа сака мора да имаме фер и демократски избори, доколку само глуми тоа нема да се случи. Значи, проблемот и одговорноста е апсолутно на власта.“

Причините за недоволната воља да се реализира овој клучен критериум кој подразбира избори без насилство, Биљали ја гледа во потребата да се остане на власт:

„Може да биде, создавање на нова бизнис елита која ќе биде логистика за одделни политички интереси. Или може да има и друга содржина и позадина, која е повразана со ,,голата“ желба да се остане на власт.“

Аналитичарот Жидас Даскаловски пак со сосема различно мислење. Според него ,,губитниците,, на изборите се тие што креириаат атмосфера на насилство како своевидно алиби, без разлика дали му припаѓаат на македонскиот или албанскиот блок политички партии:

„Значи сите оние кои што послабо ,,стојат“ и сметаат дека немаат никакви шанси според анкетите, тие ќе бидат тие кои што ќе имаат прилика да создадат алиби доколку се направат некои инциденти.“

вели Даскаловски. Обединувајќи го кругот власт –опозиција, аналитичарот Слободан Чашуле не амнестира никого од одговорност. Смета, изборните инциденти кои се пред се наша грешка, само и одат на рака на меѓународната заедница во состојба кога неможе да се најде решение за спорот со името со соседна Грција:

„Заради тоа што ЕУ и НАТО немаат решение со Грција. Тие неможат Грција да ја дисциплинираат таа да ја прифати Времената спогодба која под нивно покровителство ја потпиша и да дозволи процесите на интеграција на Македонија да течат без застој.“

Смета Чашуле.
XS
SM
MD
LG