Достапни линкови

logo-print

Љубљана: Денеска средба на премиерите на Хрватска и Словенија


Во дворецот Мокрице во Словенија денеска ќе се сретнат словенечкиот и хрватскиот премиер Борут Пахор и Иво Санадер. Ова е прва нивна средба, која според владата во Љубљана, ќе биде посветена на воспоставување непосреден дијалог потребен за поефикасно решавање на отворените прашања. Односите меѓу двете земји се заострија по одлуката на неколку словенечки партии да организираат референдум по повод влезот на Хрватска во НАТО, поради, како што велат, хрватското прејудицирање на меѓусебната граница во Пиранскиот залив и на реката Мура. Комесарот за проширување на Европската унија Оли Рен ја поздрави најавата за средба меѓу премиерите на Словенија и Хрватска и изрази надеж дека тоа ќе помогне да се постигне договор за вклучувањето на ЕУ во решавање на спорните прашања меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG