Достапни линкови

Мосул: Нова акција на американските и ирачките сили против Ал Каеда


Американските и ирачките сили започнаа нова кампања против милитантите на Ал Каеда во северната провинција Ниневе. Ирачката војска соопшти дека локалните безбедносни сили почнале со потера по домовите, а досега биле уапсени околу 84 лица. Американската воена операција наречена Нова Надеж ќе им овозможи на локаните власти да ги започнат проектите за обезбедување основни услуги за граѓаните на Мосул.
XS
SM
MD
LG