Достапни линкови

На изборите ќе се гласа само еднаш


Никола Груевски, премиер

Никола Груевски, премиер

Лидерите на четирите најголеми партии задоволни од вчерашната средба. Договорено е да се гласа еднаш на локалните и претседателските избори, а партиските штабови да се координираат.

Со оценка за конструктивност и најава за следна средба меѓу лидерите на четирите најголеми парламентарни партии, вчера заврши лидерската средба посветена на прашањата околу претстојните избори. Постигната била согласност и за излегување на избирачките места на гласачите само еднаш во текот на изборниот ден, а биле договорени и одредени работи во однос на активностите на полицијата на изборниот ден. Меѓу повеќето работи околу кои постоела согласност меѓу учесниците, лидерите го прифатиле и предлогот на СДСМ за
На крајот добивме една многу позитивна атмносфера која се надевам дека ќе продолжи и во текот на целиот изборен период
постоење на партиски координативни тела меѓу штабовите, со цел да се обезбедат мирни избори. По средбата премиерот Груевски изрази задоволство од текот на разговорите.

,,Кај некои од партиите претходно постоеше некаков сомнеж да не се случи ова или да не се случи она, но кога се се стави на маса и кога се понудија решенија и кога тие решенија се прифатија и од другите партии но и од Државната изборна комисија на крајот добивме една многу позитивна атмносфера која се надевам дека ќе продолжи и во текот на целиот изборен период,"

изјави Груевски
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG