Достапни линкови

Последните трошоци за нови возила непотребни


Авто школа

Авто школа

Авто школите што ги следеа законските обврски инвестираа во нови возила, а по укинувањето на одредбите од Уставниот суд немаат право на отштета.

Авто школите во Македонија се жалат дека последните трошоци предвидени со новиот закон за безбедност во сообраќајот се покажале како непотребни, откако еден од членовите на овој закон падна на Уставен суд. Станува збор за членот 247, став 1, во кој беше наведено дека авто школите не смеат да работат со патнички возила, постари од 10 години. Овој член од законот за укина, а сопствениците на авто школите немаат правен механизам за да бараат било каква оштета или надомест за трошокот за нови автомобили за нови кандидати.
Скоро сите авто школи купија нови возика затоа што старите не одговараа. Купивме нови возила за Б и Ц категорија
Славиша Плетиќ, инструктор во авто школа вели дека речиси сите авто школи веќе купиле нови возика по стапувањето во сила на измените на законот за безбедност во сообраќајот:

,,Во суштина, скоро сите авто школи купија. Ние конкретно купивме нови возила, затоа што старите не одговараа. Купивме нови возила и за Б и за Ц категорија.”

Според Плетиќ, поголем трошок била набавката на нови возила за Ц категорија:

,,Да купите еден камион знаете колку е, не е мала инвестиција, или автобус.”

Уставниот суд одлучи за укинување на оваа одредба минатиот месец. Во текстот на одлуката се наведува. Предвидениот услов, во суштина значи ограничување на можноста за вршење на дејноста обука на кандидати за возачи и на правните субјекти кои ја вршат оваа дејност со возила постари од 10 односно 15 години. На тој начин се создава можност за монополско однесување на субјектите на пазарот. Сопствениците на авто школите не се во можност да добијат обесштетување или надомест за трошоците за новите возила. Професорот Саво Климовски појаснува дека надомест или оштета не може да се бара откако уставниот суд ќе одлучи за укинување на законската
Бидејќи се работи за одлука за укинување компаниите немаат право на отштета
одредба.

,,Доколку таа беше поништувачка, во тој случај, требаше да се надоместат сите предизвикани штети од периодот кога бил донесен законот. Во конкретниот случај бидејќи се работи за одлука што има карактер на укинување, компаниите немаат право да добијат било каква отштета.”

Инаку, од донесувањето на измените во законот за безбедноста на сообраќајот, процедурата за полагање возачки испити се промени, а се зголемија и давачките за авто школите, како и за кандидатите за возачка дозвола.
XS
SM
MD
LG