Достапни линкови

Ендрју Ки, амбасадор на Велика Британија во Македонија


Амбасадорот на Велика Британија Ендрју Ки

Амбасадорот на Велика Британија Ендрју Ки

Верувам во фер и демократски избори - Охридскиот договор добра основа за заеднички жвот на сите во Македонија

Амбасадоре, предизборната атмосфера ја одбележаа неколку инциденти. Колку тоа влева надеж и оптимизам дека ќе успееме да спроведеме фер и регуларни избори?

Јас верувам дека Македонија може да одржи фер избори. Многу важно ќе биде изборите да бидат демократски и да ги исполнат сите меѓународни критериуми и стандарди. Во оваа фаза пред кампањата, мислам дека општо кажано атмосферата е многу слична со атмосферата во многу земји во слична фаза. Кандидатите се подготвуваат за кампањата, почнуваат да ги претставуваат ставовите пред
Јас верувам дека Македонија може да одржи фер избори. Многу важно ќе биде изборите да бидат демократски и да ги исполнат сите меѓународни критериуми и стандарди.
јавноста. Општо кажано, атмосферата е мирна. Да, има некакви извештаи за инциденти или проблеми. Важно е во овој момент каде што има проблеми, сите поплаки да бидат упатени до вистинското место, а тоа е изборната комисија и полицијата или партијата. И од страната на органите да се справуваат со проблемите, ефикасно, професионално и да ги истражат до крај.

Сметате ли дека институциите се добро подготвени и дека партиите се на висината на задачата за да спроведеме избори ослободени од насилство?

За вистински демократски избори не зависи само од насилство на партиите, односно сите страни имаат одговорност. Од владата, институциите, партии, граѓаните. Дали има капацитет да има фер избори во Македонија, сметам дека има. Јас имав дискусии со многу партии, и ги поздравувам напорите од страна на институциите да има добра атмосфера, да има добар систем и процедури и се надевам дека тоа ќе продолжи до изборниот ден, да има многу добро организирани избори. Всушност, јас сметам ќе биде клучно прашањето на политичка волја. Ако има политичка волја од страна на сите партии, сметам дека изборите ќе бидат фер. Многу важно ќе биде секоја партија, наместо вината да ја бара кај другите, да ја преземе одговорноста за своите постапки имајќи ја предвид важноста на овие избори во контекст на евро интеграциите.

Амбасадоре, меѓународната заедница, ЕУ јасно порача дека овие избори, односно спроведувањето на фер и демократски избори се од клучно значење за евро атлантската иднина на земјава. Што во спротивно?


Јас се надевам дека сите ќе продолжат да работат за фер избори, а не да мислат за последици за лоши избори. Изборите и демократијата се важен дел од политичките критериуми. И за Македонија да добие позитивна оценка од страната на ЕК на крајот на годинава за политичките критериуми за да почне со преговори ќе треба да имаме добри избори. Јас верувам дека може да има фер избори. Исто така ќе треба да има напредок и во бенчмарките од лани, да се исполнат и останатите бенчмаркови. И ако тоа се случи, сметам дека има добра можност Македонија да добие позитивен предлог од страна на ЕК.

Сметате ли дека државава се движи кон меѓународна изолација? Еве, спорот со името се чини влегува во застој поради изборите во земјава и во соседна Грција, а всушност тоа е од суштинско значење за натамошните евро атлантски интеграции?


Сметам дека важно ќе биде годинава и двете страни да продолжат со напорите за наоѓање решение. Тоа ќе треба да се покаже со конструктивни разговори со амбасадорот Нимиц. Но, исто така ќе треба и двете страни да создатат подобра меѓусебна комуникација и

Сметам дека важно ќе биде годинава и двете страни да продолжат со напорите за наоѓање решение за спорот со името
доверба.

Во врска со спорот со името со соседна Грција, ЕУ повикува на воздржување од провикации коишто би можеле да му наштетат на процесот околу изнаоѓање решение за спорот со името. Како вие гледате на актуелната кампања со антички елементи која се води во земјава?


Јас не можам да дадам оценка дали такви одлуки се правилни или не. Но, јасно е каква е реакцијата од другата страна. Не е за мене да коментирам дали и таква реакција е правилна. Но, таа е таква. Што е важно како аргумент дека и двете страни треба да влезат во процесот со намера да се најде решение, а за тоа ќе треба добра комуникација, и изнаоѓање решение преку меѓусебна доверба.

Последните анкети покажуваат длабока поделба меѓу Македонците и Албанците во поглед на прашањето за името од што пак зависи натамошната интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Од друга страна, тука е и проблемот со Струга, односно поделбата по етнички смени за решавање на проблемот со образованието во овој град. Господине амбасадоре можно ли е сценарио за поделба по етнички линии во Македонија?

Јас сметам дека сите напори до сега од меѓународната заедница се за една земја, сите заедници да живеат заедно и сега има добра база со Охридскиот договор. Ќе треба напорите со имплементацијата на Охридскиот договор да продолжат. Со тоа мислам дека ќе може да се намали ризикот за поделба. Рековте за Струга, јас бев загрижен за состојбата таму. Според мене, секое дете заслужува образование без насилство и треба да има напори за подобрување на комуникацијата на децата од различните заедници. Треба да има заедничка цел од страна на секоја заедница во Република Македонија, и ако тоа може да ја соединува земјата тоа е многу важно.

Значи, сметате дека Македонија не треба да стравува од дестабилизација и можна поделба по етнички линии и покрај тоа што се чини дека вратите за членство во евро атлантските структури во догледен извезен период ни се блокирани?


Сметам дека секоја заедница сака да биде во ЕУ. Тоа може да биде заедничка цел за сите. Не вреди да зборуваме за можни поделби, кога има да работат заедно за иднината на Македонија каде што заедниците живеат, работат и растат заедно.
Не вреди да зборуваме за можни поделби, кога има да работат заедно за иднината на Македонија каде што заедниците живеат, работат и растат заедно


Добивме критики од ЕУ за влошување на состојбата со слободата на медиумите. Која е вашата оценка?


Сакам да го искористам извештајот на Фридом Хаус од лани, а таму стои дека Македонија во поглед на слободата на медиуми е делумно слободна земја. Јас се надевам, искрено се надевам, дека оваа година ќе се подобри таа оценка. Слободата на медиумите е многу важен дел од демократијата. Тие играат многу важна улога во демократскиот живот и поголема независност на медиумите од изворите на моќ, политички или економски, ќе придонесат за демократски развој на Македонија. Лично, понекогаш кога ја споредувам ситуацијата со медиумите во Британија, понекогаш сум изненаден, на пример, присуствував на прес конференција каде што немаше прашање од новинарите. Тоа ретко се случува во Британија. Да има политичар, да има некоја личност, и ако има можност да прашаат прашање, ќе прашаат. Значи, се надевам дека ќе има од страната на новинарите во Македонија ќе има подлабоко истражување на темите од јавен интерес и тоа со поголема независност и професионалност.
Изненаден сум, на пример, присуствував на прес конференција каде што немаше прашање од новинарите.


И на крајот, економската состојба, односно соработката меѓу двете земји. Освен Џонсон Мети, инвестиција која се чини се одлага, на теренот недостасува поголема заинтересираност за влез на британски инвеститори?

Глобалната ситуација е многу тешка. Кога станува збор за нови инвестиции тоа ќе биде под влијание на глобалната криза. Имам сеуште состаноци со британски бизнисмени и во моментов сметам дека многу е важно за Македонија да продолжи со напорите да ја подобри својата бизнис клима. Кога глобалната клима ќе се подобри важно е тука во Македонија да има добра клима. И сметам дека најголемата реклама за нови инвеститори ќе биде успех на сегашните.
XS
SM
MD
LG