Достапни линкови

Што ќе биде пресудно за гласот на граѓаните ?


Лидерска средба

Лидерска средба

Дали се гласа за кандидатот или партијата и што може да се очекува од платениот политичкуи маркетинг во следниов период?

Официјализирањето на кандидатите за претседателските и градоначалничките места во Македонија со себе повлекува повеќе прашања. Дали ќе се гласа за предложените кандидати или едноставно ќе се оди против актуелните вршители на функцијата? Дали се гласа за кандидатот или партијата и што може да се очекува од платениот политичкуи маркетинг во следниов период. Неколкуте инциденти кои настанаа од почетокот на годинава создаваат и страв за можни немири во предизборието, слични или полоши од оние во 2008 година.

Мислењата на граѓаните по ове прашања се поделени. Дел од запрашните граѓани велат дека ќе гласаат за кандидат а не за партија или против некој од актуелните вршители на функции.

,,Кај нас мислам дека веќе би требало да се избира личноста."
,,Зависи од човекот, тука нема некој е против, некој за."
,,Она што го работат и што го сработиле до сега."

Експертите сметаат дека на овие избори нема да се повтори трендот од минатото, имено ќе се гласа за кандидатите а не против нивните противкандидати. Политикологот Јован Донев вели дека во март може да се очекува дека граѓаните ќе го даваат својот глас зависно од
На овие избори нема, ќе се гласа за кандидатите, односно за партиите кои ги предлагаат
понудите на кандидатите.

,,Не мислам дека ќе се гласа против, ако мислите на овие избори нема, ќе се гласа за кандидатите, односно за партиите кои ги предлагаат."

Според Донев, граѓаните се повеќе заинтересирани за партијата која ги подржува кандидатите отколку за самите кандидати

,,Па, добро сигурно можеби ќе имаме луѓе кои размислуваат со своја глава, ќе гласаат за луѓето, а не за партиите, но најголем број од луѓето ќе гласаат за партиите што ги поддржале кандидатите. Како и секое гласање во Македонија и ова ќе биде гласање врз политичка линија."


Како и секое гласање во Македонија и ова ќе биде гласање врз политичка линија.
Професорот Једон Шасивари се надева на изборна кампања фокусирана на самите кандидати, наместо антикампања за противкандидатите.

,,Ова го засновувам врз фактот што неофицијално кампањата е веќе почната, а до сега не сме имале негативни искажувања за против кандидатите. И тоа за мене влева надеж дека и кога официјално ќе започне кампањата ќе биде така со некои исклучоци. Мислам дека кога ќе се вжешти изборната кампања ќе има дел од негативно исфрлање на разни ситуации, или објаснувања пред јавноста за против кандидатите."

Експертите и надлежните веќе неколкупати споменаа дека кампањата е неофицијално почната. Меѓу информациите за посети на кандидатите во медиумите се објавуваат и резултати од анкети за рејтингот на партиите, според кои ВМРО ДПМНЕ ја има најголемата доверба на граѓаните. Во една таква анкета, спроведена по нарачка на опозициските партии, претседателскиот кандидат на владеачката партија Ѓорѓе Иванов на следниве избори би добил гласови од речиси 18 отсто од анкетираните 1008 граѓани. 12 отсто од испитаниците би гласале за Љубомир Фрчковски, а 9,70 за Љубе Бошковски. Нано Ружин има гласови од 2,50 отсто од испитаниците додека најголем дел од албанците, имено 10,5 отсто би гласале за Имер Селмани од нова Демократија. 26,50 од испитаниците не одговориле на прашањето а 16,20 се неопределени.
Од партиите не ги коментираат рејтинзите и како би се „пробиле“ на престојните избори во услови на висок или низок рејтинг.

Запрашани кој ќе ги привлече гласачите на престојните избори – дали кандидатот или партијата на која кандидатот припаѓа – од партиите со различни одговори. Влатко Ѓорчев од владеачката ВМРО ДПМНЕ вели дека на овие избори ќе се гласа за личноста на кандидатот и за платгформата, имено политичката партија која ја обезбедува подршката

,,Веројатно ќе се гласа за двете, и за партијата, односно платформата како и за личноста на самиот кандидат. Мислам дека во оваа консталација ќе биде подоминантна личноста на кандидатот, затоа што е важно дали тој има веродостојност, кредибилитет и доверба од граѓаните. Но, нормално е дека за гласачкото тело ќе биде важна и политичката опција којашто него го поддржува."

Најважен дел од програмата на претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ кои ќе им се промовира на граѓаните, според Ѓорчев, ќе бидат решенија поврзани со надлежностите на шефот на државата .

,,Тоа се државната, односно националната безбедбост, надворешната политика, прашањето поврзано со името со Грција, евро интеграциите, НАТО интеграцијата, односот со соседите, значи целиот корпус прашања во надлежност на претседателот на Република Македонија."

За локалните избори, пак, Ѓорчев вели дека во јавноста ќе се промовираат деловите од програмата кои се поврзани со спецификите на работењето на општините.

Од опозициската СДСМ со слични приоритети околу промоцијата на програмата. Претседателот на партијата Зоран Заев вели дека потенцијалните гласачи ќе се привлекуваат со презентација на најдоброто решение за претседател.

,,Она на што ќе се темелиме во функција на претседателските избори, на што се надеваме дека покрај најдоброто решение за претседател коешто го нудиме, истовремено е токму вистинската програма и платформа којашто Македонија ќе ја оддели од маргините и закотвените подлоги каде што сега се наоѓа. Нашите темели се да им предочиме на граѓаните дека нудиме кандидат за претседател со своја програма којшто Македонија ќе ја одведе во максимално брзо време во интеграциите во НАТО и ЕУ."

Заев додава дека на локалните избори ќе се презентираат кандидати кои најдобро можат да ги извршуваат градоначалничките функции

,,Имаме целосно две различни програми и за претседателските и за локалните избори. Тоа се различни избори и граѓаните имаат различни очекувања и од локалните и од претседателските избори."

Според Заев, анализите на СДСМ покажуваат дека за граѓаните е побитен кандидатот отколку неговата партиска припадност

,,Дефинитивно партиите нема да бидат пресудни во мислите на граѓаните кога ќе одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас, тоа го покажуваат и нашите анализи, како и професионалните анкети што се прават, а во коишто сите веруаме. Тие покажуваат дека преку 65 отсто од граѓаните одлуката ќе ја донесат во зависност од кандидатот, дали се работи за претседател, градоначалник или советнички листи, најголемо влијание дефинитивно ќе имаат личностите."

Во двете поголеми партии на албанците во земјава пристигнуваат различни мислења околу тоа кој е побитен – дали кандидатот или партијата
Емира Мехмети од Демократската Унија за Интеграција вели дека за сега другите партии и даваат предност на промоцијата.

,,Па, до сега ние не видовме некоја програма на кандидатите за претседател. Она што го гледаме е нивно претставување пред различни форуми или општествени структури."

Пратеничката на ДУИ додава дека приоритети на партијата при промоцијата на нивниот претседателски кандидат ќе бидат и надворешната и внатрешната политика, имено меѓуетничките односи.

,,Тоа е елемент којшто сакале да признаеме или не, се поврзува тесно со евро интегративните процеси, така што верувам дека и тој елемент или тој аспект ќе биде покриен."

Меѓуетничките односи се приоритет и за опозициската Демократска партија на Албанците. Илијас Халими од ДПА вели дека нивниот кандидат за претседател, меѓу другото, е детерминиран за охрабрување на рамковниот договор.

,,Остана дел од Рамковниот договор како теорија, а практично уште не се реализира. Значи, има уште многу да се работи на планот на меѓу етничките односи."

Халими вели дека нивните кандидати за претседател и градоначалници ќе ги охрабруваат приоритетите на партијата.

,,Нашите кандидати пред себе ја имаат и програмата на партијата, по што во програмата ние веќе зборуваме за нашето ангажирање на сите полиња."

И од двете политилчки партии на албанците ги осудуваат предизборните инциденти, со апел за фер и демократски избори. Од ДУИ обвинуваат за предизборни инциденти во режија на нивните противници од ДПА

,,За жал, гледаме најава од страна на ДПА за една немилосрдна кампања, во која се обидуваат да го оцрнат угледот на ДУИ"

вели Мехмети

Од ДПА, пак, топката ја префрлаат кај нивните противници

,,
Фокусот на меѓународната заедница и важните чинители треба да биде кај ДУИ, затоа што навистина од нив се очекува се и сешто."

вели Халими.
XS
SM
MD
LG