Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: На САД им треба време за преиспитување на плановите за инсталирање на анти ракетен штит


На Соединетите Држави им треба време за преиспитување на плановите за инсталирање на анти-ракетниот штит во Полска и Чешка, изјавил американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на средбата со неговиот полски колега Богдан Клиш, на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Краков. Гејтс нагласил дека администрацијата на претседателот Барак Обама моментално преиспитува повеќе прашања, како економската криза, Ирак и Авганистан. Инаку, Гејтс оцени е потребен анти-ракетниот штит, бидејки Иран и натаму е закана за безбедноста.
XS
SM
MD
LG