Достапни линкови

Њујорк: Иран ги намалил активностите за збогатување ураниум


Инспекторите на Обединетите Нации оцениле дека Иран ги намалил активностите за збогатување ураниум, но оти можеби ќе има доволно материјал за една нуклеарна бомба, се вели во најновиот извештај на Агенцијата за Атомска Енергија. Во извештајот се додава дека сепак на Иран ќе му требаат години за да произведе таква бомба. Соединетите Држави вчера повторно го повикаа Иран да престане со збогатувањето ураниум, а Техеран тврди дека произведува нуклеарно гориво за цивилни цели.
XS
SM
MD
LG