Достапни линкови

Предизборна активност за освојување гласови


Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник

Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник

Поставување камен темелници за изградби на спортски сали, патишта, изградби на училишта, музеи, пред секои избори партиите, покажуваат особена ,,загриженост,, за подобрување на инфраструктурата. Интензивното поставување камен темелници, јасно е е главна предизборна активност која се користи од партиите за освојување на што поголем број гласови пред изборите, велат надлежните. Ингеренциите за укажување и преземање на постапки ги има Анткорупциската комисија, посебно во делот на потрошените финансиски средства. Првиот човек на комисијата Мирјана Димовска укажува на две специфики кај политичките субјекти во обидот да се стекат со наклоност кај избирачите, веќе познатата засилена активност за изградба на инфраструктурни објекти, како спецификата на партиски вработувања:

„На тој вид на порака до избирачите, колку да речеме се грижат за локалниот живот, па нели изградба на патишта, водоводи итн. Спецификата во 2008-та година, а и оваа година е и на планот на вработување. Партиите, организаторите на изборите тргнуваат од тоа дека тоа е најлесно остварливо влијание.“

Потенцира Димовска. Политичките субјекти ги засилуваат своите активности пред избори, бидејќи тогаш чувствителноста меѓу граѓаните е најголема, што се реализирало од ветенето ретко кој помни, па по оваа проверена формула, партиите продолжуваат со трката за освојување што поголем број гласови, објаснува комуникологот Климе Бабунски:

„Познато е дека јавното мислење како категорија има многу кратко помнење и всушност сите манипулации на јавното мислење во помала или поголема мера се темелат на тоа кратко помнење.“

Пред секои избори се ,,удираат“многу камен темелници, некои објекти се реализираа, но многу останаа во почетна фаза. Токму и како што потенцираат експертите, ретко кој од граѓаните што ги анкетиравме се сеќаваат што од ветеното било остварено. Свесни се дека преку такви активности политичарите сакаат да ги освојат нивните гласови, но бараат понаменско трошење на средствата:

„Сега баш и ова го гледаме како нешто убаво, споменикот на Мајка Тереза, ама владата парите треба понаменски да ги троши.“

„Тоа што градат згради, даваат незнам што, значи она што го прават политичарите не е за одобрување и јас невлегувам во такви ,,шеми“, значи не би можеле да ме убедат со материјално нешто.“

Велат скопјани.
XS
SM
MD
LG