Достапни линкови

Како во Македонија се корегира цената на бензините?


Според првиот човек на регулаторната Комисија Славе Ивановски цените во Македонија се утврдуваат според утврдена методологија - пресметки се прават на две недели

И покрај тоа што цената на нафтата на светските берзи забележува континуиран пад, кој што последно изнесува дури и нешто под 35 долари за барел, во земјава тоа не е случај. Односно, за разлика од движењето на цените на светските берзи во земјава има пораст на цените на бензините, кои со последната корекција поскапеа за еден и пол денари и чинат 52, односно 53,50 денари. Првиот човек на
Секогаш се вршат пресметките на две недели, тоа значи дека доколку дневно паднал барелот тоа не значи дека и дневно паѓаат и цените на нафтените деривати во малопродажбата
Регулаторната Комсиија за енергетика Славе Ивановски објаснува дека цените кај нас се формираат според утврдена методологија, која ги зема предвид цената на дериватите на светските берзи, потоа движењето на денарот спрема доларот, од што се пресметува просекот за изминатите 14 дена. Затоа, вели Ивановски неможе дневно да се реагира врз намалувањето на цените:

„Секогаш се вршат пресметките на две недели, тоа значи дека доколку дневно паднал барелот тоа не значи дека и дневно паѓаат и цените на нафтените деривати во малопродажбата. Така што оваа методолгија обезбедува предвидливост на движењата на цените и се вградуваат сите движења на светскиот пазар.“

Објаснува Ивановски. Главна причина пак додаваат експертите се високите давачки, односно акцизата и ДДВ-ето што за нафтените деривати и се плаќаат на државата, а изнесуваат над 22 отсто.

„Тоа се тие давачки за државата кои се навистина високи и оттука е проблемот зошто кај нас цените на горивата се високи.“

Вели професорот Трпе Груевски кој додава дека кај државата очигледно нема расположение за намалување на овие давачки, бидејќи се главен извор за полнење на буџетот, каде овие приходи се испланирани една година порано. Дури и во перидот кога имаше енормно зголемување на цената на нафтата на светските берзи, владата кај нас не ја корегираше цената иако имаше барања за тоа. Што се
Давачките за државата се високи и оттука е проблемот зошто кај нас цените на горивата се високи
однесува до актуелното намалување на цените на нафтените деривати кај нас, по последниот тренд на светските берзи, од Регулаторната Комисија велат дека најверојатно одредена корекција ќе има од понеделник:

„Во наредниот период, тоа значи наредниот понеделник ќе се определи на начин што секако во себе ќе го има во предвид и движењето на цената на суровата нафта деновиве.“

Посочува претседателот на Регулаторната комисија, Ивановски.
XS
SM
MD
LG