Достапни линкови

Бишкек: Претседателот на Киргистан ја потпиша одлуката за затворање на американската база


Претседателот на Киргистан Курманбег Бакиев ја потпиша одлуката за затварање на американската база во оваа земја, клучна за НАТО операциите во соседен Авганистан. До потпишувањето доаѓа откако вчера парламентот ја одобри владината одлука за затворање на базата Манас. Во меѓувреме американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Соединетите Држави ќе ја разгледаат можноста да платат повеќе средства за користење на стратешката база.
XS
SM
MD
LG