Достапни линкови

Стразбур: Грција да вложи поенергични напори за почитување на правата на малцинствата


Грција треба да вложи поенергични напори за целосно почитување на правата на малцинствата, се вели во извештајот на Советот на Европа за правата на малцинствата во Грција, објавен денеска во Стразбур. Во извештајот се изразува сериозна загриженост во врска со „претерано рестриктивната“ практика на грчките судови, што доведува до нерегистрирање на одредени малцински здруженија. Властите треба неодложно да го обезбедат правото на припадниците на малцинствата да се здружуваат, се наведува во извештајот на Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG