Достапни линкови

Авганистан главна тема на НАТО средбата во Краков


Министрите за одбрана на НАТО во Краков

Министрите за одбрана на НАТО во Краков

До останок во Полска доаѓа по објавата на американскиот Претседател Барак Обама за испраќање дополнителни 17 илјади војници во Авганистан.

Основната цел на новите трупи е да помогнат во зголемување на безбедноста во Авганистан пред изборите во Август годинава, изјави америкaнскиот министер за одбрана Роберт Гејтс. Тој по одлуката на Претседателот Барак Обама за испраќање дополнителни 17 илјади војници, рече дека очекува и од сојузниците да сторат повеќе во Авганистан и да придонесат за промоција на добро владеење и развој
Во Авганистан се соочуваме со многу жив отпор и групи кои ја адаптираат нивната тактика
на земјата. Главниот американски командант во Авганистан, Генерал Дејвид Мек Кирнан изјави дека 2009 ке биде тешка година за земјата.

"Ние се соочуваме со многу жив отпор. Тоа е мешавина на неколку различни групи некогаш поврзани со организации како Ал Каеда. Тие постојано ја адаптираат нивната тактика така што од помали преминаа на по комплексни асиметрични напади врз лесни цели, па против владини цели, конвои, против полицијата".

Генерал Мек Кирнан изјави дека повеќето од дополнителните 17 американски војници кои Претседателот Барак Обама ги одобри, ке бидат распоредени на југот на Авганистан, во срцето на талибанскиот отпор и ќе бидат активни пред изборите во Август. Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибанд по објавата на американскиот дополнителен ангажман во Авганистан ја реафирмира
Британија и Италија остануваат посветени во Авганистан
и британската посветеност.

"Најважно е да се каже дека британската посветеност за Авганистан е долгорочна. Таа е се состои од политика, дипломатија и секако воена посветеност".

Вчера во Кабул беше и министерот за надворешни работи Франко Фратини кој изјави дека и Италија останува посветена во Авганистан.

"Италија е подготвена да го гарантира својот придонес во провинцијата Херат со распоредување трупи, кои ке бидат зголемени на 2800 војници во следниве неколку месеци".

Со дополнителните сили, Соединетите Држави во Авганистан ке имаат околу 55 илјади војници. Силите на коалицијата претежно од НАТО земјите пак во Авганистан имаат 30 илјади војници.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG